Дастин Пориер не е заинтересиран за четврта борба против Конор Мек Грегор. Годинава двајцата водеа две борби во кои Порие покажа дека е на повисоко ниво од Мек Грегор. Ретко кој беше изненаден од исходот на двете меѓусебни средби.
Во последниве години, Пориер продолжи да се бори во кафезот и да ги победува врвните борци. Мек Грегор, пак, направи пауза и направи само две борби. Загуби од Хабиб Нурмагомедов, а потоа го победи Доналд Цероне.
Отсуството од борбите дефинитивно си го кажа своето. Не постои начин да се спореди активен борец кој се натпреварува со најдобрите со борец кој е неактивен. На крајот, Дастин има 2 победи во 3 битки против Мек Грегор и сега гледа во појасот.
Овој викенд Пориер ќе може да стане шампион, но треба во Лас Вегас да го победи Чарлс Оливеира. Дијамантот во моментов нема интерес за Конор, но во исто време признава дека нивната расправија никогаш нема да заврши.
„Немам за цел нова битка со Конор Мек Грегор. Го гледам следниот предизвик, а тоа е титулата во лесна категорија.
Ако има човек која може да се стегне и да се врати на врвот, тоа е Мек Грегор. Се зависи од него. Тој ја контролира својата судбина и неговите дела“, рече Пориер.