Дастин Пориер: Главната борба на УФЦ 230 треба да биде меѓу мене и Нејт Дијаз за титулата

Започна продажбата на билетите за УФЦ 230 на 3 ноември во Њујорк.

Единствениот проблем на УФЦ е да ја прогласат главната борба на настанот, при што нејзиниот претседател неодамна објави дека Џон Џонс сигурно нема да биде во главната борба на вечерта.

Останатите шампиони се или зафатени или повредени.

Според Дастин Пориер, од УФЦ веќе имаат достојна двојка за главна борба. На Твитер потсети на неговата средба со Нејт Дијаз, која може да биде за титулата во суперлесна категорија.

Се разбира, оваа титула допрва треба да биде промовирана, но кое е подобро место за тоа од Њујорк?

Во моментов се очекува средбата меѓу Пориер и Дијаз да биде втора по важнотс на овој настан, а ќе се борат во лесна категорија.

Дијамантот ќе се доближи до титулата во категоријата ако забележи победа, но тој има желба и да ги натера во УФЦ да го пуштат час поскоро да се бори за големата награда.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON