Дастин Пориер сака уште една, последна борба! Ги мерка Махачев и Мек Грегор

Дастин Пориер најави дека ќе направи уште една финална борба во кариерата.

„Дијамантот“ се бореше на почетокот на јуни годинава. Се соочи со Ислам Махачев за титулата во лесна категорија. Дастин даде се од себе, но загуби со завршница во 5-тата рунда. По тој пораз Пориер рече дека не знае дали ќе продолжи да се бори. Сега се одмори од последниот пораз и сфати дека сака уште еднаш да се бори.

Фановите на социјалните мрежи веднаш почнаа да бараат ривал. Дастин им олесни и изјави дека е подготвен за реванш со Конор Мек Грегор или Ислам Махачев. Во минатото Пориер два пати го победи Ирецот и еднаш загуби од него.

„Последниот танц. Кажете им на луѓето. Мек Грегор, се чувствував толку добро по победите. Двапати те победив, мрзливецу. Ислам, ако Царукјан не може да се бори, тогаш ајде повторно да се бориме”, напиша Пориер на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON