Дарко Стошиќ по девет месеци се враќа во октагонот на најголемата европска ММА организација.
Српскиот борец ќе настапи на настанот КСВ 84, кој ќе се одржи на 15 јули во Гдиња.
Стошиќ ќе се бори против непоразениот Словак Стефан Војчак, кој досега забележа шест победи, од кои пет со прекин.
Последниот меч на Војчак беше во февруари минатата година кога со едногласна одлука на судиите го победи Французинот Мохамед Џума на манифестацијата Вориорс во ОАЕ.
А Дарко последната борба ја имаше во февруари годинава, кога со нокаут во првата рунда загуби од Шамил Газиев на настанот Брејв 69 во Белград.
Настанот во Гдиња ќе го предводи судирот меѓу Фил де Фрис и Шимон Бајор.
Heavyweight Action 👊
🇷🇸 Darko Stosic vs. Stefan Vojcak 🇸🇰#KSW84 | July 15 | @viaplaysportpl pic.twitter.com/dhseSCN6O1
— KSW (@KSW_MMA) June 28, 2023