Дарко Стошиќ ќе се сретне со Михал Андришак на КСВ 63

Дарко Стошиќ требаше да се бори за титулата во КСВ во тешка категорија, но нема среќа. Полската организација подготвуваше меч меѓу Стошиќ и Фил де Врис, но шампионот во КСВ во тешка категорија се повреди. Така, КСВ организираше борба помеѓу Стошиќ и Михал Андришак во тешка категорија.

Тие ќе се борат на КСВ 63 на 4 септември во Полска. Доколку победи, Дарко дефинитивно ќе добие шанса за титула на крајот на годината или почетокот на следната.

Стошиќ е поранешен борец на УФЦ со скор 15-4 во ММА. Тој е во серија од 2 последователни победи во КСВ и со нив ја прекина серијата од 3 последователни порази. Дарко победи на 10 меча со нокаут, а само еднаш беше нокаутиран.

Андришак, пак, има учинок од 22-9 во ММА и доаѓа по победата над Гуто Иносенте. Михал победи на 2 од последните 5 ММА борби. Тој победи на 21 со завршница. Од друга страна, сите 9 негови порази се со завршница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON