Дарко Стошиќ е првиот борец на КСВ кој пет пати го освои бонусот за најдобар нокаут на настанот

Српскиот ММА борец Дарко Стошиќ го имаше своето деби за КСВ во 2021 година и досега имаше седум борби. Тој има шест победи, а неговиот единствен пораз е во мечот за титулата во тешка категорија против шампионот Фил Де Фрис.

Стошиќ пет од шесте победи ги доби со нокаут. До крајот на мечот издржа само Михал Андришак, кој загуби со едногласна одлука на судиите.

Во својот последен меч минатиот викенд Дарко со нокаут за нешто повеќе од две минути го совлада Чехот Михал Мартинек, а му беше доделен и бонус од полската промоција.

Така, српскиот борец стана првиот борец на КСВ кој пет пати го освоил бонусот за најдобар нокаут на настанот. Досега првото место го делеше со Мамед Халидов.

По мечот Стошиќ го прозва шампионот Фил Де Фрис, со кого се бореше во февруари минатата година и загуби со прекин во петтата рунда. Можеби КСВ наскоро ќе му ја исполни желбата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KSW (@ksw_mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON