Дарко Стошиќ доби противник за втората УФЦ борба

Дарко Стошиќ (13-1, 1-0, УФЦ) доби противник за втората УФЦ борба.

Откако во дебито во јули во Хамбург беше убедлив и со нокаут во првата рунда го прати во пензија Џереми Кимбал, 26-годишниот Србин следениот меч ќе го  има на настанот во Прага на 23 февруари.

Стошиќ ќе се бори со Магомед Анкалаев (9-1).

26-годишниот Русин пред доаѓањето во УФЦ го порази Максим Гришин,  а во дебито за американската промоција загуби од Паул Крејг со давење со триаголник во последната секунда од борбата што ја добиваше.

Во последната борба во јули со висок удар и тупаници во првата рунда го нокаут Марчин Прачнио.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=v4r0Jak0mmI

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON