Даријан Павлев од Спартак викендов настапи на Меѓународниот турнир во борење,,Злати Динев” во Галабово, Бугарија, и го освои првото место во категоријата до 68 килограми и е прогласен за најдобар странски борач.
На турнирот учествуваа повеќе од 100 борачи и од Бугарија, Турција, Украина и Македонија.
Павлев забележа 4 победи, притоа противниците не му земаа ниту еден поен.
Даријан медал и трофејот ги посветува за сите починати и повредени од трагедијата во Кочани.