На Меѓународниот пеливански турнир по повод Петровден во Костурино, Струмица, нашите истакнати борачи ги освоија првите места.
Бобан Данов е победник во прва рака, Орхан Имери во втора, Дејан Митров во трета и Горан Атанасов во четврта и Фиданчо Јованов во петта.
Митров во финалето го совлада Бугаринот Илијан Николов, и тоа беше една од најинтересните борби. Добра претствава имаа Ангелов и Кадир Камбери, додека Данов и Арсов беа најдобри кај тешкашите. Јованов по петти пат го освои првото место на овој турнир.
На турнирот учествуваа 50-тина пеливани од Македонија и Бугарија, победникот доби награда од 500 евра.
Во сабота има пеливански турнир во Батинци, а во недела во Кичево.
Ipon.mk/В.Д.