Данило Методиевски од Кик бокс клубот Предатор од Куманово се закити со сребрен медал на Меѓународниот турнир „Балкан опен“ во Тешањ, Босна и Херцеговина.
Методиевски среброто го освои во јуниорска конкуренција до 69 килограми во дисциплината кик лајт.
На турнирот учествуваат 297 кикбоксери со 352 влеза од 64 тима од регионот. Македонија е застапена со двајца натпреварувачи.