Данил Николиски со највисок пласман на СП во џиу џицу, нашиот најголем адут за медал Катерина Ацевска се повреди

На Светското првенство во џиу џицу во Хераклион на Крит, Грција, настапи и нашиот четврти борец Данил Николиски во категоријата до 56 килограми во У-21 кој во првиот настап на светски шампионат оствари висок пласман 9-то место.

„Со одлични и сигурни борби дојде до високото 9-то место победувајќи во дуелот со репрезентативец на Данска. И тој, како и останатите борци, за прв пат учествуваше на СП.

Искрени честитки, се надеваме дека ова ќе биде дополнителен поттик за тренинг и нови успеси“, велат од Македонската џиу џицу федерација и додаваат:

„Зоран Колевски и Антонио Стојчески, одлични борби на нашите борци, можеби важноста на еден ваков голем настан го направи своето, сепак, за нив ова беше прво Светско првенство. Зоран е 13-ти, Антонио 17-ти.

Големо товар но секако и големо искуство што секако во иднина ќе придонесе за големи резултати и нови бодови на Светската ранг-листа“.

Сепак, нашиот најголем адут за медал на СП беше Катерина Ацевска, но, за жал, поради повреда на раката таа ги предаде борбите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON