Даниела Алексовска се искачи на третото место на светската ранг-листа

Македонската ММА репрезентативка Даниела Алексовска се искачи на третото место на светската ранг-листа во јуниорска конкуренција до 52,2 килограми, според последното рангирање на Меѓународната ММА федерација (ИММАФ).

Овој историски успех претставува значаен чекор за македонскиот спорт, а особено за Алексовска и нејзините тренери, Ивица Алексовски и Стефан Пецевски, сите дел од клубот „Д Стронгест“. Даниела на ЕП 2025 освои златен медал, станувајќи првата Македонка со европска титула во женска категорија. Овој триумф ѝ донесе значајни бодови на светската ранг-листа.

Алексовска изминатава година настапи на десет борби, од кои извојува осум победи. Најзначајните успеси во 2024 година ги забележа со бронзен медал на Светското првенство во Ташкент, Узбекистан, и сребро на Европското првенство во Белград, Србија. И покрај тоа што се натпреварува во ММА помалку од една година, Даниела веќе се вбројува меѓу најдобрите борци во светот.

Нејзината боречка основа е бразилска џиу-џица (БЏЏ), каде што има освоено 120 медали, од кои 93 се златни. Таа е 12-кратен национален и балкански шампион во овој спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО