Денес на Европското ММА првенство за аматери во Белград, Србија, нашата најперспективна репрезентативка Даниела Алексовска доминираше против Лила Пинке од Унгарија која ја заврши во првата рунда во полуфиналето во категоријата до 52 килограми за јуниори.
Алексовска, која има богато искуство во боречките вештини, но со само една ММА борба во кариерата, беше во доминантна позиција од која задаваше удари, а пото со брза акција и направи лост на раката (арм бар) на Пинке, противничката со тапкање даде знак дека е завршена. Со победата Алексовска обезбеди место во финалето кое на програмата е утре во 14 часот, а сите љубители на ММА спортот може да ја следат борбата на Арена фајт.
Македонската ММА Федерација која прв пат учествува на ваков настан ја предводи претседателот Ивица Алексовски.
Првенството е под закрила на ИММАФ.
Претходно Марко Трајаноски го освои петтото место, а Петар Матески третото.