Даниел Стефановски успешно го минамерењето за утрешната борба во К-1 на Татнефт купот во Казан,Русија, против Шер Мамазулунов.
Светскиот првак во К-1 на Суепркомбат, Стефановски тежеше точно 81 кг, колку и неговиот противник.
Мамазулунов е најголемиот таленат во Русија кој е без пораз и речиси секоја борба ја добил со нокаут.
„Ќе биде јака борба. Подготовките добро поминаа. Се чувствувам подготвен за овој меч. Ако сакаш да бидеш најдобар, мораш и да се бориш против најдобрите во светот. Со Господ напред одиме на победа“, изјави Даниел Стефановски за Ipon.mk.
Ipon.mk