Даниел Стефановски тренира за третата европска титула и ништо не го интересира за Мусфата Генц

Daniel Stefanovski proglasen z apobenik 9 juli 2016

Даниел Стефановски на 24 септември ќе се бори за третата европска титула во германскиот град Баден против Турчинот Мустафа Генц во категоријата до 80 килограми во пет рунди.

Борбата е за европската титула во К-1 на настанот Тај фајт Баден.

Daniel Stefanovski plakat za 24 septemvri

„На 24ти септември ќе се борам за мојата трета европска титула во Баден. Натпреварувањето го организира АФСО.

Подготовките ги започнав на први август за ова големо натпреварување.

За мојот противник Мустафа Генц не знам ништо, а и не ме интересира. Јас тренирам за 5 рунди од по 3 минути, на крај јас да бидам по трети пат европски првак. Напред Македонијо“, изјави Даниел Стефановски за Ипон.мк!

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON