„Ова момче, борец, шампион, никогаш не престанува да ме зачудува и покажува колку е во суштина Самурај во секоја смисла“, напиша на својот Фејсбук профил тренерот и промотор на нашиот кикбоксер Даниел Стефановски кој викендов го нокаутира Никола Зориќ од Србија во втората рунда на настанот „Со борба против насилството“ во Страјкерс лигата во Нови Сад, Србија.
Всушност, ронин е воодушевен со чинот што го направи Стефановски, односно донацијата за рехабилитација на малата Јасина Какиќ кој го доплати остатокот на потребните пари (46.000 српски динари).
„По нашата посета на Здружението на граѓани „Сонце“ и донацијата на собрани средства (94.440 српски динари) за рехабилитација на малата Јасина Какиќ. Даниел Стефановски им го уплати остатокот што им фалеше (46.000 динари) за веднаш да оди на вежби и на терапијата да тргне веќе утре.
Организацијата „Борба против насилство“ не служи само за промовирање на спортот, туку целта и е да ги поттикне и го извлече она најдоброто од сите што учествуваат. Како основач, моето срце е полно и по 10 години собравме над 3.000.000 динари за помош на оние на кои им е најпотребна во тој момент. Од срце ви благодарам на сите за поддршката и помошта“,напиша Ронин.