Даниел Стефановски кој е во одлична серија од пет последователни победи во реномираната кик бокс промоција Суперкомбат на 10 јуни во Цуг, Швајцарија, ќе настапи на Меморијалниот турнир Енди Хуг во организација на јапонската промоција К-1.
Тој ќе учествува на турнирот на четиримината млади борци во категоријата до 81 килограм. Можеби ова е неговиот најголем испит до сега. На плакатот јасно е нагласено дека Стефановски настапува под знамето на Македонија.
Знаејќи го Даниел и неговиот оптимизам дека секогаш оди на нокаут, веруваме дека и сега ќе се потруди да ја израдува македонската, швајцарската и европската јавност. А Енди Хуг е инспирација за секој кикбоксер.
Ipon.mk/В.Д.