Даниел Стефановски (82,5 кг) во саботата ја забележа втората победа за кратко време во К-1 и тоа со нокаут во втората рунда против светскиот првак во ВКУ, Ефе Сипаи, на „Рејди фор вор“ во Цирих-Швајцарија.
На Стефановски ова му беше 30 борба – 27 победа (16 со КО), а има 2 порази и 1 нерешен во К-1 и талјандски бокс. Тој е и европски првак во К-1, а кон крајот на мај стана шампион на Швајцарија во К-1 во ВФЦ верзија, совладувајќи го Кеви Бузер на Агровина фајт челинџ во Арау.
Како се чувствуваш по победата над светскиот првак Ефе Сипаи?
По неодамнешениот меч се чувствувам фантастично. Освен, сукцесивниот и победоносен исход од истиот, уште по релевантен и значаен ми е фактот дека во самиот финиш излегов од борбата без никакви последици, односно без повреди од сериозен карактер.
Како дојде до нокаутот?
Како што потенцирав и пред самиот меч, пресудна беше мојата претходна темелна анализа на противникот, студирајќи ја техниката на опонентот од неговите претходни мечеви,успеав да ги констатирам неговите слаби точки и атакував директно на истите, за да резултира мечот во моја полза. Презентирав најразлични комбинации како лоу кик, фалјинг кик техники во текот на двете рунди, коишто правилно и коректно практикувани од моја страна условија да ја парализирам компетентноста на противникот и да го поразам.
На 9 јули имаш нов предизвик. Тоа треба да е посилен настан. Какви се твоите очекувања?
На 9 јули со енормна тенденциозност и мотивација ќе се обидам да се изборам за титулата европски шампион по втор пат, со оглед на тоа што посветувам драгоцено време во спортов, сметам дека истата ја заслужувам.
Што ќе им порачаш на твоите навивачи во Македонија, Куманово и Швајцарија?
Би ја искористил приликава за да им се заблагодарам на сите мои поддржувачи од Куманово, Македонија, Швајцарија, од Балканот и поширико. Вашето внимание е од енормна значење и ме мотивира дополнително да продолжам понатаму да се занимавам со спортов и да бележам позитивни резултати. Уште еднаш голема благодарност до сите, особено до моите сонародници Македонци од сите краишта, да живее Македонија и Македонскиот народ вечно. Срдечен поздрав.
Стефановскли на 9 јули ќе се бори за европската титула во К-1 во верзија на СПФ на ИФЦ настанот во Винтертур-Швајцарија, против Србинот Душан Којиќ.
Ipon.mk/В.Д.