Даниел Стефановски ќе ја брани светската титула во К-1 на Суперкомбат против Алекс Филип.
Ова е реванш средба која ќе се одржи во Констанца – Романија. Засега датумот не е прецизиран.
Нашиот кикбоксер на Фејсбук кратко напиша: „Се вративме. СуперКомбат титула налинија против Алекс Филип. Овој пат ќе добие нокаут во првата рунда! Бидете таму ќе биде жестоко“!
Стефановски (-81 кг) на 12 март 2017 година го победи Романецот Филип со нокаут во третата рунда. На почетокот на рундата Стефановски со двојно летечко колено и неколу аперкати го нокаутира Алекс Филип на Суперкомбат Ворлд гранд при елиминациите во Букурешт, Романија.