Даниел Стефановски вечерва успешно го помина мерењето и соочувањето со Стас Макаренко во рускиот Казан за мечот на Татнефт купот за утрешниот меч во К-1.
„Ма мерењето бев точен како и секогаш 80,8 килограми. Инаку Макаренко е еден од најдобрите борци во оваа категорија“, вели Даниел Стефановски за Ipon.mk.
„Очекувам офанзивна борба, бидејќи имаме исти стил. Одиме напред и ќе бркам нокаут“, категоричен е Македонскиот воин.
Да посетиме дека Стефановски настапи и во Кина каде што загуби на сомнителен начин, а февруари ќе се бори за светската титула на Суперкомбат.
Ipon.mk/В.Д.