Даниел Стефановски e европски првак во кик бокс во К-1 во врезија на СПФ. Тој вечерва со нокаут во првата рунда го совлада Душан Којиќ од Србија.
Борбата се одржа на ИФЦ настанот во Винтертур-Швајцарија.
Стефановски (82,5 кг) во 31 борба ја забележа – 28 победа (17 со КО), а во кариерата има и 2 порази и 1 нерешена борба во К-1 и талјандски бокс.
По втор пат станува европски првак во К-1, а кон крајот на мај стана шампион на Швајцарија во К-1 во ВФЦ верзија.
Ipon.mk/В.Д.