Даниел Стефановски изминатиов викенд и приреди голема радост на македонската јавност со експресната победа со нокаут над Јану Да Круз од Гвинеа Бисао на Суперкомбат во Мадрид и е во серија од пте победи во низа во оваа промоција. Неговите летечки колена го демолираа Да Круз за помалку од две минути и по првиот нокдаун во првите десет секунди тој не знаеше кај се ноаѓа.
„Не се надеваше дека толку брзо ќе заврши борбата. Но јас секогаш ги удирам ударите со целата снага и ако директно го погодам противникот тој е готово“, објаснува Даниел Стфановски за Ipon.mk како брзо ја завршил борбата.
Неговата борба наголемо се коментирала во Мадрид од повеќе причини.
„Коментарите беа дека Суперкомбат е многу среќен што ме има под договор. Од друга страна, никогаш досега во овој спорт не виделе толку талентирано младо момче како мене. Секако, ме чека Америка по летото“, истакнува Стефановски.
Македонскиот воин нема време за одморање, бидејќи овој викенд на 13 мај во Сент Гален-Швајцарија, има нов настап, но овој пат во боксот.
„Во сабота ќе ја имама мојата прва профи борба во бокс . Потоа на 10 јуни на Меморијалниот турнир за Енди Хуг во Швајцарија во организација на јапонската промоција К-1. Ќе видиме како ќе биде таму и кој ќе ми биде противникот, дотогаш има уште време, а ќе се подготвувам на островот Мајорка, за да бидам 100 отсто подготвен за турнирот“, вели Стефановски.
Се поставува прашањето кога македонската публика ќе мозе да гледа борба на Даниел Стефановски во родното Куманово, како што тоа го направи Аце Русевски во професионалната бокссерска кариера, затоа што Македонскиот воин има голем број на навивачи во нашата земја.
„Сигурно, тоа ќе биде нешто убаво да имам борба во Куманово! Но сега имам договор со Американците и Суперкомбат и морам да се концентрирам на тоа. Но, со Господ напред и за нашата Македонија“, нагласува Стефановски.
Ipon.mk/В.Д.