Даниел Стафновски: Многу сум горд што сум првиот Македонец кој ќе се бори во Глори

Даниел Стефановски утре дебитира во најголемата и најпрестижна кик бокс организација во светот Глори. Македонскиот воин вчера на Фејсбук порача „Подготвени да го шокираат светот“, со јасна порака дека оди на победа против Раџапзадех на Глори: Колишн 7 во Арнем, Холандија.

Тој неодамна поптпиша договор на две години, при што треба да има седум борби. Една борба ќе се бори на 95 килограми, а другите шест борби на 85 кг.

„Договорот е потпишан на две години. Еден меч во полутешка категорија и шест во категорија до 85 кг “, вели Стефановски за Ипон.мк.

Од друга страна, фановите во Македонија и светот со нетрпение ја очекуваат борбата.

„Многу сум горд што сум првиот Македонец кој ќе се бори во Глори. Добро се чувствувам и со Господ напред одиме до победа“, порача Макеоднскиот воин и додаде:

„Им благодарам на сите Македонци за поддршката и со Господ напред“!

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО