Двојниот шампион на УФЦ, Даниел Кормиер, сака да издејствува дуел со Брок Леснар и предизвика кечерската ѕвезда по победата над Дерик Луис на УФЦ 230.
„Брок Лескар, кога ќе дојдеш, земи си го ВВЕ појасот, сакам исто така да бидам шампион и на ВВЕ“.
На прес-конференцијата по мечот Кормиер истакна дека ова би можело да биде неговата проштална борба.
„Сакам да се повлечеам кога сум на врвот. Со голем дуел во Лас Вегас против Брок Леснар пред да напонам 40 години. Две недели пред роденденот.
Изгледа дека на 2 март 2019 година на УФЦ 235 можеби последен пат ќе ме видите во октагонот“.
Сепак, Кормиер не ги потценува вештините и пропорциите на Леснар, кој исто така е поранешен шампион на УФЦ во тешка категорија
„Знам дека зборувам доста глупости за него, но во реалноста е вистински ѕвер. Може многу да ме притисне, затоа сум претпазлив.
Можете ли да ја претпоставите глетката? Јас од една страна на окатгонот, а од другата Брок Леснар. Ќе биде лудо“.
Шампионот изјави ако работите со Леснар не се бидат како што планира, најверојатно ќе се бори со Џон Џонс во полутешката категорија или ќе му даде реванш на Стипе Миочиќ во тешка категорија.