Поранешниот шампион во две категории на УФЦ, Даниел Кормиер, кој денес работи како стручен коментатор, верува дека еден борец ќе стане голема ѕвезда на најголемата светска ММА организација.
Кормиер истакнува дека шампионот на УФЦ во перолесна категорија Илија Топурија ќе стане глобална суперѕвезда во 2025 година и ќе стане најпрепознатливиот борец на промоцијата.
„Треба да ги победите противниците од претходната генерација за да станете најдобри, како во професионалното борење. Новиот шампион мора да го победи стариот шампион. Илија сега ќе земе многу од тој сјај на Волкановски и Холовеј – особено ако Волк го добие реваншот и Топурија повторно го победи. Тогаш Илија ќе стане глобална суперѕвезда“, изјави Даниел Кормиер.
Топурија лани со нокаут ги победи поранешните шампиони Александар Волкановски и Макс Холовеј. Треба да се спомене дека Макс никогаш не бил нокаутиран пред борбата со Топурија.
Но, поранешниот шампион на УФЦ верува дека Топурија ќе се бори со Диего Лопез или Мовсар Евлоев.
„Топурија има уште работа во категоријата. За жал, конкуренцијата веќе не е сериозна, но шанса мора да добијат и некои помлади борци како Диего Лопез или Мовсар Евлоев. Последниве девет години Волкановски и Холовеј ја пустошат категоријата, а овие помладите се уште не покажаа дека го имаат тоа нешто во себе“, заклучи Даниел Кормиер.
Непоразениот Илија Топурија наскоро може да го дознае следниот противник во одбраната на појасот на УФЦ во перо категорија.