Поранешниот двократен шампион Даниел Кормиер почна да се подготвува за последната борба во кариерата. 41-годишниот борец чека трета битка со Стипе Миочиќ во наредните месеци. Во последниве денови, „ДК“ повторно го прозва Стипе, кој се посвети на борбата против коронавирусот и борбите ги стави на чекање. На Дана Вајт не му се допадна ова и тој се закани дека ќе му ја одземе титулата на шампионот.
Веднаш потоа, Миочиќ објави дека почнал преговори со организацијата за датум за борба против Кормиер, а Даниел го започнал тренинг кампот. Стипе успеа да го нокаутира Кормиер во август минатата година и си ја врати титулата во тешка категорија. Ова беше прв пораз на Кормиер во тешка категорија и го прекина низата од 7 победи.
„Добро е повторно да се вратам на тренинзи. Повторно ќе станам шампион“, вели Кормиер.
https://www.instagram.com/p/CATTG0DBPYv/?utm_source=ig_embed