Даниел Кормиер му честиташе на Стипе Миочиќ за освојувањето на титулата во тешка категорија во УФЦ. Откри дека неговата грешка била пресудена, а нешто додаде и за можното пензионирање.
Откако беше поразен од Стипе Миочиќ со прекин во четвртата рунда на УФЦ 241 во главната борба во Анхајм, Даниел Кормиер смогна сили да му го честита својот противник во октагонот веднаш по неговата победа. Во интервјуто со Роган се осврна на борбата и ударите во тело кои беа пресудни.
„Мислам дека направи одлично приспособување кога се префрли на удари во телото. Ме погоди повеќе пати со десната рака и не почувствував премногу штета, па затоа можеби тие удариги сфатив така лесно. Тој е фантастичен шампион, честитки до Стипе и неговиот тим“, рече Кормиер веднаш по мечот.
Го праша Џо Роган дали размислувал пред борбата што ќе направи во случај на пораз. Веќе некое време го споменува пензионирањето и ова може да биде негова последна борба на октагонот.
„Одлуките не се донесуваат кога емоциите ти работата вака. Тешко е да се проголта ова. Со 40 години и со толку многу други прилики пред мене. Морам да разговарам со сопругата, ќе донесеме паметна одлука околу тоа што и како понатаму“, рече овој голем шампион.
Кормиер овој пат се обиде да ги задржи емоциите, но солзи се појавија. Секако дека не му е лесно, одработи голема борба. Всушност, настапи во борбата веројатно на двајцата најдобри тешкаши во историјата. За жал, овој пат наиде на поподготвен, порешителен и упорен борец. Нов и стар шампион во тешка категорија на УФЦ, Стипе Миочиќ.