Даниел Кормиер му порача на Прохаска: Се извлече против Ракиќ, но тоа нема да ти успее со Переира

Чешкиот борец Јиржи Прохаска по победата против Александар Ракиќ повторно доби шанса да се бори за шампионскиот појас на УФЦ во полутешка категорија.

Прохаска ќе учествува на настанот УФЦ 303 во Лас Вегас овој викенд во реванш против бразилскиот шампион Алекс Переира.

Во нивниот прв меч во ноември минатата година, Переира беше поуспешен, победувајќи го Чехот со прекин во втората рунда.

Поранешниот двократен шампион, а сега коментатор на УФЦ, Даниел Кормиер, изјави за Прохаска дека мора да има подобар настап отколку против Ракиќ ако сака да го победи Переира.

„Кога ќе се затворат вратите на октагонот, не чека огномет. Прохаска добро се бореше на тој меч, но потоа Переира го прочита. Надвор од лоукиковите, навистина ме интересира да видам дали Јиржи направил нешто за да ги одбрани што е можно подобро. Затоа што ако не, Переира повторно ќе го ограничи неговото движење и на крајот ќе го нокаутира“, изјави Даниел Кормиер и продолжи:

„Прохаска не дозволи тоа да се случи против Ракиќ, настрада со ниски удари, но продолжи да напаѓа. Сепак, нема да му успее против Алекс Переира. Мора да биде многу повнимателен. Добро се справи со Ракиќ, а потоа го нокаутира. Се сомневам дека ќе може да го направи тоа против Переира“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON