Поранешниот борец и денешен коментатор на УФЦ Даниел Кормиер му честиташе на поранешниот шампион на најголемата светска ММА организација Френсис Нгану што договорил боксерски меч против Тајсон Фјури кој ќе му го промени животот.
По повеќе од една година, Камерунецот постојано добиваше критики поради тоа што решил да го напушти УФЦ, а сега се чини дека неговата одлука била правилна.
Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија договори боксерски меч против Фјури, кој ќе се одржи на 28 октомври во Саудиска Арабија.
По потпишувањето на договорот Френсис беше опсипан со пофалби од сите страни што се обложил на себе, а му честиташе и Даниел Кормиер.
„Мора да бидеш малку наивен за да излезеш во тој свет и да ја знаеш својата вредност до степен што, дури и кога ќе се стемни, ќе го продолжиш своето патување и ќе стигнеш до целта“, рекол Даниел Кормиер и додал:
„На Френсис му беше доста од се, а потоа сфати дека ќе заработи повеќе пари отколку што можеше да замисли. Тоа беше луд пресврт на настаните за Френсис Нгану, а ние сме среќни поради него. Многу ми е драго што сега ќе биде добро платен и што ќе биде среќен поради тоа“.
Нгану потпиша договор со ПФЛ пред договорот со Тајсон Фјури.
Партнерството содржеше различни бенефиции за Предаторот, но проблемот за промоцијата на ММА беше што Френсис ќе се бори во кафезот само по боксерскиот меч.
Кормиер смета дека ако мечот против Фјури оди добро, Камерунецот може воопшто да не се бори во ПФЛ.
„Се борите со Тајсон Фјури на боксерски меч и морате да попуштите пред она што тој го сака. Дали Френсис Нгану некогаш ќе се бори во ПФЛ? Не знам. Можеби сега ова е една од оние ситуации кога чувствува дека може добро да заработи и ништо друго нема да го интересира“, додаде Даниел Кормиер.
Are you ready @francis_ngannou!? #BADDESTMANONTHEPLANET #RIYADHSEASON pic.twitter.com/D0B3IxFkR7
— TYSON FURY (@Tyson_Fury) July 11, 2023