Доколку борбата за апсолутен шампион во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик биде потврдена за 23 декември, тоа би значело дека шампионот на ВБЦ има само осум недели да се подготви за борбата.
Имено, на 28 октомври Џипси Кинг ќе се бори со поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану, кој ќе го има првиот професионален боксерски меч.
По информацијата дека Фјури договорил меч против Усик, многумина коментираа дека Британецот воопшто нема почит кон Нгану и не ја сфаќа сериозно нивната пресметка.
Меѓу оние кои јавно го кажаа своето мислење е и поранешниот двократен шампион на УФЦ, а сега коментатор Даниел Кормиер.
„Тајсон Фјури направи нешто многу грубо. Се надевам дека Френсис Нгану ќе си ја скрши главата“, – рече Даниел Кормиер, а потоа продолжи:
„Но, ми се допаѓа, го гледав шоуто на Фјури на телевизија и се заљубив во него. Ја сакам неговата личност и како се грижи за своето семејство. Но, тој го направи најглупавото нешто што можеше да го направи. Сака да се бори два месеци по мечот со Нгану. А тоа значи дека нема намера да остане долго во рингот против Френсис и да излезе неповреден од борбата. Така, Фјури планира да го победи Нгану и после тоа да се бори со Усик за апсолутен светски шампион“.