Даниел Кормиер: Џонс – Аспинал ќе се случи летото 2025 година

Даниел Кормиер сериозно ги сфати ентузијастичките гаранции на претседателот на УФЦ, Дана Вајт, за организирање на борба во тешка категорија меѓу Џон Џонс и Том Аспинал.

За време на прес-конференцијата по последната гала вечер на УФЦ во 2024 година претседателот Дана Вајт изрази 100% сигурност дека следната година ќе има борба меѓу неприкосновениот шампион и привремениот шампион во тешка категорија. Во текот на изминатата година имаше многу шпекулации за борбата меѓу Џонс и Аспинал.

Даниел Кормиер во интервју за ММА Џанки изрази уверување дека овој пат ентузијазмот на претседателот Вајт не е лажен. „ДК“ го советува Џонс да ја прифати борбата што е можно поскоро бидејќи времето не работи во негова корист.

„Зборовите на Дана Вајт потврдуваат дека тие го финализираат овој договор. Тие потврдуваат дека на Џон Џонс му била платена доволно голема сума за да го направи тоа, бидејќи секогаш чувствував дека Џонс само јавно преговара. Мислам дека неговиот план беше да преговара за исплата на доволно голема сума за да се тргне кон залезот и да заврши со тоа.

Вајт тоа би го кажал само кога би биле многу блиски, или ако веќе се е договорено. Мислам дека ќе се борат налето. Да сум на местото на Џон Џонс, повеќе би сакал да го направам тоа порано отколку подоцна, бидејќи тој старее, а Том Аспинал е се подобар секој месец. Јас би го направил тоа што е можно поскоро. Не би дочекал гала вечер во Њујорк следната година кога како 38-39-годишник ќе се борам со дете кое е се подобро и подобро“, рече Кормиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО