Даниел Филипов-Смок, поранешен борач на Спартак, продолжува со победите во Германија, која е втора во низа со туш.
Викендов тој настапи за екипата на АСВ Боден против АС Оберштајн во Фербандс лигата, но овој пат во грчко-римски стил. Филипов се сретна со Андреас Аскарин кој го тушираше за две минути. До тушот Филипов водеше со 10-0.
ipon.mk/В.Д.