Додека Спартак од Кочани не може да се осознае неговите поранешни борачи растураат во Германија. Даниел Филипов-Смок минатата година ја заврши без пораз, а оваа ја почна шампионски.
На турнирот Рајнланд-Пфалц мајстершафт 2016 Филипов убедливо го освои првото место во категоријата до 97 килограми вок онкуренација на седум борачи.
„За мене немаша препреки, ги победив сите и ја освоив титулата. Финалната борба ја добив со технички туш 10-0“, изјави Филипов за Ipon.mk, кој настапува за АСВ Боден.
На турнирот настапуваа 13 клуба со околу 200 бораци турнирот.
Да потсетиме дека Даниел минатата година се натпреваруваше и во џудо, исто така сезоната за заврши без пораз.
Можеби треба да размислат во ФСБМ за проверка на нашите искусни борачи во странство.
Ipon.mk/В.Д.