Поранешниот шампион во средна категорија на ИБФ и ВБА, Даниел Џејкобс разочара со својот настап против Гејб Росадо, иако забележа победа со поделена одлука (115-113, 115-113, 113-115) на гала вечерта во хотелот и казиното Хард рок. во Холивуд рано наутро во сабота по македонско време.
Џејкобс беше фаворит 20 спрема 1, но тој не беше убедлив во својата супериорност, бидејќи специјализираните боксерски медиуми го критикуваа за недостаток на енергија и вештини. Она што е уште почудно е што мораше да се избори за нов договор со Еди Херн и американската стриминг платформа ДАЗН. Ова беше негов последен меч од актуелниот договор, но сега не се занае дали ќе биде награден со нов, затоа што со ова издание против Росадо не си ги зголеми акциите за нова шанса за титулата.
Првиот меч на Џејкобс во 2021 година се очекува да биде за појасот – без разлика дали е тоа против Били Џо Сандерс или Калеб Плант, па дури и против Џемал Чарло.