Британскиот тешкаш Даниел Дубоа ќе ја брани титулата во ИБФ на „Вембли“ на 21 септември против сонародникот Ентони Џошуа, кој сака по трет пат да стане светски шампион.
И двајцата имаат обврски кон медиумите и се среќаваа на заеднички прес-конференции, а еднаш Џошуа се закани дека ќе го удри Дубоа со столче.
Поранешниот светски шампион побара од помладиот сонародник да му покаже почит, но Дубоа му возврати, на што реагираше Еј Џеј и стана од столчето.
Дубоа го направи истото, но промоторите Еди Херн и Френк Ворен брзо реагираа и ја смирија ситуацијата со обезбедувањето.
„Не сум сигурен што мислев во тој момент, но го видов како стана, па станав и јас“, рекол Даниел Дубоа, а потоа продолжил:
„Разменивме неколку зборови на кои не обрнав особено внимание. Но, немаше непочитување, тоа не е вистинскиот збор. Ние сме боксери, а во рингот нема почит. Ако бара почит, тогаш можел да стане адвокат или доктор или слично. А веќе сум подготвен да влезам во рингот и да се борам“.
На Даниел Дубоа му пречи што некои му велат дека не е вистински шампион, бидејќи не го освоил појасот во рингот. Имено, на почетокот на јуни го совлада Филип Хрговиќ и го освои појасот за привремен шампион на ИБФ.
Но, кога Александар Усик ги обедини сите титули во тешка категорија, тој го напушти појасот на ИБФ и ја замени привремената титула на Даниел со титулата вистински светски шампион.
„Го освоив појасот во борба, во меч за титулата светски првак. Јас сум шампион и ако некој заслужува почит, тоа сум јас“, нагласи Даниел Дубоа.