Украинскиот боксер Александар Усик ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија во повеќето боксерски организации, во својата втора последователна борба против Британецот Тајсон Фјури со едногласна одлука на судиите. Трета борба се уште нема, а следен противник на Усик би требало да биде Даниел Дубоа, кој го држи шампионскиот појас на ИБФ бидејќи Усик мораше да се откаже од него поради борбата со Фјури.
Сепак, Дубоа треба прво да го победи Џозеф Паркер во февруари идната година, бидејќи неговата борба со Усик нема смисла ако преостанатиот појас не е во игра, а некои веруваат дека тој е оној што може да го симне од тронот непоразениот Украинец. Меѓу оние кои веруваат во победата на Дубоа е и британскиот боксерски аналитичар Сајмон Џордан.
„Не би бил изненаден доколку Дубоа победи“
Тој рече дека светот на боксот го издигнува Усик до статус на Супермен, но дека е победлив и дека тој и Фјури не можеле да се нокаутираат, бидејќи ја немаат таа моќ на удирање, додека Дубоа ја има.
„Мислам дека Усик е најдобриот боксер на оваа генерација и тоа го докажа. Никој не може да најде решение против него, противотров. Но мислам дека не е непобедлив, дури и ако го издигнеме на статусот на Супермен. Не би ме изненадило доколку Дубоа го победи. Тој е млад, свеж и силен“, рече Џордан.