Александар Усик во мај го победи Тајсон Фјури со поделена одлука во мечот за апсолутен светски шампион.
Кралот на Ромите по мечот побара реванш, кој беше договорен за 21 декември во Саудиска Арабија.
А непоразениот Украинец по мечот го ослободи појасот на ИБФ, кој моментално е во сопственост на Даниел Дубоа.
Во септември британскиот боксер со нокаут во петтата рунда го победи сонародникот и поранешен двократен светски шампион Ентони Џошуа.
Деновиве Даниел им кажа на Усик и Фјури дека доаѓа по останатите појаси во тешка категорија, таргетирајќи меч против победникот.
Но, за да стане потенцијален предизвикувач на апсолутниот шампион, Дубоа прво ќе го брани појасот на ИБФ во дуелот со Џозеф Паркер во февруари.
„Доаѓам по појасите, дефинитивно. Тие се најдобри, но јас ги сакам нивните појаси. Ги сакам сите. Ќе поминам прку двајцата“, истакна Даниел Дубоа и додаде:
„Ако е Усик, тогаш тоа ќе биде одмазда. А ако е Фјури, ќе бидам подготвен и за него. Не е важно со кого се борам. Нема да размислувам толку далеку. Имам големи битки пред мене и само сакам да продолжам да поминувам преку нив. Овој дел од патувањето ќе заврши на тронот како апсолутен шампион во тешка категорија“.