Боксерот од Ритан, Даниел Дубоа (18-1) убедливо стигна до третата победа во низа. Трипл Д го победи Тревор Брајан (22-1) со нокаут во четвртата рунда на боксерскиот настан во Мајами.
За Американецот тоа беше прв пораз во кариерата. Со таа победа Дубоа ја освои титулата ВБА (Регуларна) во тешка категорија.
Таа титула беше воведена во 2000 година за да се заштити ВБА федерацијата.
Но, доколку сопственикот на појасот ВБА (регуларен) ја освои титулата ВБЦ, ИБФ или ВБО, тогаш тој боксер би станал супер шампион на ВБА.
Со оглед на тоа што ВБА имаше свој шампион, шампионскиот појас на ВБА (регуларен) ќе му се даде на некој друг.
Александр Усик моментално е шампион на ВБА, кој ги поседува и шампионските појаси на ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија, кои ги освои минатиот септември со победата против Британецот Ентони Џошуа.
Украинецот ќе боксира во реваншот против Џошуа во Саудиска Арабија на 23 јули и ќе се обиде да ги одбрани титулите.
„Го почитувам секој противник, но нулата на Тревор требаше да се избрише“, изјави Даниел Дубоа по мечот.
Британецот на тој начин стана потенцијален предизвикувач за појасот ВБА, но тешко е да се очекува дека наскоро би можел да добие шанса во борбата за титулата.
Со оваа победа 24-годишниот лондончанец барем го потврди својот квалитет.
Dubois gets the knockout #boxing pic.twitter.com/Vm7qdCmb8Y
— Fuckie Chinster (@DailyBruise2) June 11, 2022