Настанот УФЦ 229 останува еден од најскандалозните во историјата на боречките спортови. Хабиб и Мек Грегор се сретнаа, но и си нанесуаа големи навреди. За време на прес-конференциите Мек Грегор беше поактивен во навредите и дури си дозволи да му понуди алкохол на Хабиб кој никогаш во живот не е пиел. Сепак, во кафезот Хабиб сериозно си ја потера работатаи го натера да се предаде, а по завршувањето на битката го прескокна кафезот и започна масовна тепачка со тимот на Мек Грегор. Нивната борба собори рекорди на УФЦ, а Мек Грегор инсистираше на итен реванш.
Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, во интервју рече дека не знае уште дали ќе има наскоро реванш, но ако го има, ограничувања во навредите нема да се прават, бидејќи тоа не било добар бизнис.
„Пред борбата меѓу Хабиб и Конор многу нешта се кажаа. Мојата филозофија за ова е дека, на крајот на краиштата, тоа е битка. Уште од зародишот на човештвото борците се навредуваат и изговараат тешки зборови пред битките. Мухамед Али го нарече Џо Фрејзер чичко Том и тоа во време кога тоа беше едно од најлошите работи коишто може да ги кажеш за некого. Али уште го нарече горила и уште ккави не работи.
Фрејзер цел живот го мразеше Али, затоа што му ги рече сите тие нешта, но треба да разбереме дека тоа се боречките спортови. Тоа не е добар бизнис, тоа е боречки бизнис. Тона не беше прв пат двајца борци да се навредуваат и нема да бидат последни“.
Dana White won't police what Khabib Nurmagomedov or Conor McGregor say to each other if he makes the rematch:
"This wasn't the first time that mean things were said to another person and it won't be the last."#UFC https://t.co/9IpHXFAl3Y
— Damon Martin (@DamonMartin) November 26, 2018