Претседателот на УФЦ, Дана Вајт веќе не негира дека компанијата е продадена за 4 милијарди долари на ВМЕ-ИМГ/WME-IMG и ги смирува навивачите дека тоа значи еден нов и подобар почеток за најпрестижната ММА организација на планетата.
Запрашан што смета за стравот на некои фанови дека ова може да доведе до негативна промена во УФЦ, Вајт возврати: „Напротив, спортот преминува на друго ниво“.
Тој продолжи:
„Ниту еден спорт не може да се спореди со УФЦ. Нашата цел е секогаш да и ги нудиме најголемите и добри мечеви на нашите фанови, и да го направиме најдобар спорт на планетата. Немам трпение да работам заедно со ВМЕ-ИМГ и да продолжиме да го воздигнуваме овој спорт на ново ниво“.
Како што е познато, иако УФЦ е проддена и е промената на сопственоста, Дана Вајт ќе продолжи да работи со полна пареа за компанијата, како што тоа го правеше и досега.