Дана Вајт: Сите се возбудени од враќањето на Мек Грегор

Дана Вајт не го крие задоволството што неговиот миленик Конор Мек Грегор се врати во кафезот и уште еднаш ќе има голема заработувачка за УФЦ. Големата ѕвезда влегува во кафезот на УФЦ 246 за да се бори против Доналд Цероне во главната борба во Вегас. „Озлогласениот“ се подготвува напорно затоа што победата му е важна, а Дана вели дека сите се возбудени од враќањето на поранешниот шампион.

Претседателот на УФЦ тврди дека неговиот борец е неверојатна личност, не престанува да ги радува фановите. Многумина го сакаат, но неговите мразители се многу. Сепак, Вајт не обраќа внимание на нив и смета дека сите се возбудени што ќе влезе во октагонот.

„Конор Мек Грегор е еден од оние луѓе кои се неверојатни личности. Има нешто посебно што го прави голема ѕвезда. Што е најважно, ова дете им дава на фановите неверојатни и возбудливи борби.

Сите негови настапи на мерењето, прес-конференција и неговото влегување во арената се исто толку возбудливи како неговите битки. Тој има луѓе од обете страни. Некои го сакаат тоа, а други го мразат. На крајот на краиштата, сите се возбудени од неговото враќање“, вели Вајт.

https://www.instagram.com/p/B6021ZlJ5Qi/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON