Дана Вајт се обвинува себе си за поразот на Норткат

Nort kat vo gubitnicka pozicija od barberan

Дана Вајт знаел дека Сејџ Норткат бил со болно грло минатата недела и покрај тоа му дозволил да се бори. И, сега жали за тоа.

 „Детето беше многу болно, но и покрај тоа сакаше да се бори. Татко му рече дека сакаат меч и дека можат да го направат тоа. Требаше да го одбијам. Тој има само 19 години, а се бореше три пати во последните четири месеци. Требаше да го повлечам од средбата“.

Норткат загуби од Брајан Барберена во втората рунда со полуга на раката. Според борецот, болеста е вистинскиот  фактор за тоа.

„Никогаш не сум се чувствувал така“, рече Норткат.

„Не само што не можев да дишам, но не можев и да се концентрирам. Не беше нормално. Не можев и да слушам добро. Ми беа затнати ушите. Неколку пати не успеав да слушнам што ми велат тренерите, дури и кога стоевме лице в лице“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON