Дана Вајт: Сакав да го отпуштам Френсис во 2018 година по два последователни порази. Ме молеа да не го правам тоа, а него го интересираат само пари

Иако го напушти УФЦ, Френсис Нгану и денес важи за најдобар ММА тешкаш. Вистина е дека ПФЛ ја нема репутацијата како што ја има УФЦ, но ако продолжи да победува на начинот на кој го победи Фереира, тешко е да се каже дека Френсис навистина не припаѓа во првите неколку тешкаши во светот.

Сепак, во 2018 година Френсис претрпе два порази по ред. Прво беше уништен од Миочиќ во нивниот прв меч, за половина година подоцна да загуби од Дерик Луис. Дана Вајт вчера откри дека имал намера да му врачи отказ по тој пораз, а сето тоа само половина година откако на пресот возбудено зборуваше за „форд ескорт“:

„Сакав да го отпуштам Френсис кога загуби двапати по ред. Сакав да го отпуштам. Некој ме преколнуваше да не го отпуштам. Не ми е гајле, како и да ја свртите работата. Има многу подлабока приказна за тоа. Ќе заработеше многу повеќе ако останеше во УФЦ. Не сакаше да се бори со Џон Џонс, тоа е факт, пријатели. Одиме понатаму”, рече Дана на прес-конференцијата.

„Ќе ви кажам што мислам за Френсис. Френсис го интересираат само парите. Знаеше дека ако остане и ако се бори со Џон Џонс, тоа ќе му ги намали шансите да ги заработи парите што ги сака. Ќе беше поголем ако останеше во УФЦ. Милион пати“, додаде шефот на УФЦ.

Интернетот не заборава кој не сакаше да се бори и кој чекаше повеќе од три години за да се пресели во тешка категорија. Згора на се, кога Дана наводно сакал да го отпушти Френсис, не поминале ни шест месеци откако со сите сили се обиде да го понижи Миочиќ за малку да го издигне Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО