Дана Вајт нема како да го игнорира фактот дека Тони Фергусон заслужува шанса за титулата во лесна категорија и смета оти Тони треба да ја добие.
Првично Вајт изјави дека сака реванш меѓу Фергусон и Доналд Цероне кои се бореа овој месец во Илиноис. Тони славеше откако на Цероне му се затворија очите и не доби дозвола да ја продолжи борбата. Но, за Фергусон победата беше чиста и речиси е без смисла реваншот.
Сепак, Дана се уште не е многу сигурен за Тони, но мисли дека ќе се бори за титулата:
„Хабиб ќе се бори против Дастин Пориер во септември во Абу Даби. Не знам што ќе се случи по оваа битка. Тони Фергусон постигна одлична победа пред една недела над Цероне и претпоставувам дека е близу до титулата. Не знам што ќе се случи со Конор. Во моментов е многу богат и не е лесно да ги натераш богатите луѓе да се борат“.