Дана Вајт: Престанете со глупостите дека Федор е најголем

Дана Вајт не се согласува со оние кои велат дека Федор Емелијаненко е најголем во историјата на тешка категорија. Овој викенд се соочуваат шампионот во тешка категорија на УФЦ Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер во Вегас. Тоа е трета средба меѓу нив и многумина велаат дека победникот мора да биде најголем во историјата.

Претседателот на УФЦ смета дека нема спор на оваа тема и тој што ќе победи во текот на викендот ќе се етаблира како најголем. Емилијаненко имаше славна кариера и беше непоразен 10 години со серија од скоро 30 последователни победи. Сепак, ова не беше важно за Вајт, и тој го отстрани Фјодор од темата.

„Видов контроверзи на социјалните медиуми за тоа кој треба да биде најголем во историјата на тешкашите. Нема спор на оваа тема. Нема спорови. Победникот во битката меѓу Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер е најголем во историјата.

Победникот ќе биде најголем, не само во оваа ера, туку во историјата на УФЦ и ММА воопшто. Знам дека луѓето зборуваат за други борци. Мора да видите во каква конкуренција се натпреваруваат овие двајца. Престанете со оваа глупост дека Федор е најголем“, порача Вајт.

https://www.instagram.com/p/CDEM-lgqjuC/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON