Дaна Вајт потврди, победникот од борбата Миочиќ-Џонс ќе се бори со победникот од мечот Аспинал-Картис

Извршниот директор на УФЦ, Дaна Вајт, тврди дека влогот не може да биде поголем за Том Аспинал и Кaртис Блејдс пред нивната борба за привремената титула во тешка категорија утре на УФЦ 304.

Аспинал ја прави првата одбрана на привремената титула против Блејдс во реприза на нивниот настан на УФЦ Лондон во јули 2022 година. Тогаш Блејдс победи со ТКО по само 15 секунди поради незгодната повреда на коленото на Аспинал. Џон Џонс, актуелниот шампион во тешка категорија, се очекува да се бори со Стипе Миочиќ кон крајот на оваа година, во ноември.

На прашањето дали победникот од утрешната борба за титулата ќе го предизвика победникот од мечот Џонс-Миочиќ, Вајт децидно одговори.

„Апсолутно“, рече Вајт во четвртокот на прес-конференција пред УФЦ 304.

Џонс и Миочиќ и двајцата навестија дека се во завршна фаза од кариерата, а Џонс дури ја спомена и можноста за пензионирање по борбата со најуспешниот шампион на УФЦ во тешка категорија.

Во секој случај, Аспинал верува дека неговиот меч со Блејдс е всушност вистинска борба за титулата, спротивставувајќи ги двајцата од најдобрите борци.

„Картис е добар во се“, рече Аспинал. „Не го потценувам овој човек. Овој човек е проклето добар“.

Ова е борба меѓу двајца од најдобрите тешкаши во светот – јас и Картис Блејдс. Овој човек е вистинската работа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON