Дана Вајт потврди: Борбата меѓу Џон Џонс и Том Аспинал е прашање на време

Претседателот на УФЦ Дaна Вајт откри дека долгоочекуваниот меч Џон Џонс-Том Аспинал е речиси готов.

„Борбата ќе се случи. Само прашање е кога ќе ја потпишеме и ќе ја направиме. Борбата ќе се случи“, рече Вајт во интервју за ТНТ спорт.

Борбата меѓу Џонс (27-1, 1 НЦ) и Аспинал (14-3) е наведена како најголема можна борба во тешката категорија на УФЦ.

„Тоа ќе се случи. Готово е, но не е направено. Не е доволно направено за да седам овде сега и да го објавам и да ви дадам датум. Но борбата ќе се случи”, додаде Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON