Дана Вајт очекува се од Конор

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт го коментираше инцидентот на Конор Мек Грегор со раперот Кели алијас Машинган на црвениот тепих на годишното доделување на музичките награди МТВ во Њујорк.

„Разговарав со двајцата, сега се е изедначено. Имаше недоразбирање, но сите го знаеме темпераментот на Конор. Честопати влегува во такви ситуации и знае како да го привлече објективот на папараците“, рече шефот на УФЦ.

Сепак, Вајт застана зад името на неговиот борец, оправдувајќи ја неговата постапка. Пред неколку дена, поранешниот шампион на УФЦ дојде во конфликт со раперот Машинган Кели – момче на актерката Меган Фокс.

На настанот, Ирецот беше забележан како фрла пијалок кон изведувачот.

„Конор многу години е во бизнисот со боречките вештини. Тој многу добро знае како да привлече внимание околу себе. Вакви работи се случуваат понекогаш. Најверојатно бил испровоциран. Лично, имам 700 договори со психијтари. Нашиот бизнис е таков и сам по себе бара борците да бидат атрактивни и интересни“, рече Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON