Ислам Махачев не е импресиониран од борбата меѓу Леон Едвардс и Колби Ковингтон.
Дагестанскиот шампион на УФЦ во лесна категорија им се закани дека ќе ги заврши и двајцата. Леон доминираше против Ковингтон и ја одбрани титулата во велтер категорија. Тоа се случи на УФЦ 296 минатиот викенд во Лас Вегас. Ислам беше во салата и призна дека не бил импресиониран.
„Леон треба да биде следен. Оваа борба беше глупава. Треба да го смениме шампионот. На Волкановски му дадов шанса, така, и на мене треба да ми дадат шанса. Му дадов шанса на момче од друга дивизија да ја достигне мојата тежина и да се обиде да го земе тој појас. Волкановски загуби. Сега и јас ја сакам мојата шанса“, изјави Ислам за ЕСПН.
Дана Вајт откри дека ручал со Махачев, но не разговарале за борби. Вајт призна дека сака Ислам да остане во неговата категорија. Таму го очекуваат интересни борби против Чарлс Оливеира, Џастин Гејџи и Арман Царукјан.
„Пред неколку дена имав ручек со Махачев и навистина не разговаравме за борби. Разговаравме за семејството и секакви други работи. Така што не знам. Би сакал да го видам да остане во лесна категорија“, изјави Вајт.
View this post on Instagram