Дана Вајт не е сигурен дека Мек Грегор ќе се бори со Чендлер

Дaна Вајт не знае кога Конор Мек Грегор ќе се бори со Мајкл Чендлер при неговото враќање во УФЦ.

Мек Грегор и Чендлер моментално се тренери на 31-та сезона на ТУФ. Вајт верува дека скршената нога на Мек Грегор може да го спречи неговото враќање во активно натпреварување во 2023 година. Мек Грегор (34) последен пат се натпреваруваше во јули 2021 година.

Потоа во главната борба на УФЦ 264 Мек Грегор ја скрши ногата во третата борба со Дастин Пориер. Минатиот месец Вајт побрза да ја објави борбата меѓу нив, но сега се повлече.

Фановите бараат повеќе информации за Мек Грегор против Чендлер, но Вајт тврди дека тоа е далеку од лесен меч за поставување.

„Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер ќе се борат. Кога? Ова не е загарантирано. Кога, во која категорија, не знам. Конор ја снимал оваа сезона на Ултимејт фајтер со Чендлер.

Но, Конор се уште се опоравува од скршената нога. Има уште многу прашања и „ако“. Сè уште немаме одговори“, рече Дана Вајт во емисијата „Пат Мекафи“.

До моментот на пишување, Мек Грегор сè уште не се вратил во процесот за тестирање на УСАДА. Мора да се врати и да даде 6 месеци чисти примероци, па дури потоа да добие зелено светло да се врати во кафезот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON